Интересот на странските инвеститори расте, ТИРЗ се градат со полн ек

Bez autora
Apr 03 2014

Се интензивира изградбата на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) низ државата. Како што расте интересот од странските инвеститори, така се насочуваат средствата за изградба и основање на зоните низ државата. Според информациите од Дирекцијата за ТИРЗ, девет од вкупно 14 слободни зони се основани (Скопје 1, Скопје 2, Штип, Тетово, Прилеп, Кичево, Гевгелија, Струмица и Ранковце), останатите се во завршна фаза на основање (Радовиш, Струга, Берово, Делчево и Виница). За сите 14 зони има изработено државни урбанистички плански документации и сите се одобрени и усвоени. Двете зони во Бунарџик (ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2), како и ТИРЗ Штип се функционални, а зоната во Тетово се стопанисува по моделот на јавно-приватно партнерство. До овој момент, освен Скопје 1, Скопје 2, Штип и Тетово, започнато е да се гради во Кичево, Гевгелија, Прилеп, Ранковце и во Струмица.

Интересот на странските инвеститори расте, ТИРЗ се градат со полн екСе интензивира изградбата на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) низ државата. Како што расте интересот од странските инвеститори, така се насочуваат средствата за изградба и основање на зоните низ државата.

Според информациите од Дирекцијата за ТИРЗ, девет од вкупно 14 слободни зони се основани (Скопје 1, Скопје 2, Штип, Тетово, Прилеп, Кичево, Гевгелија, Струмица и Ранковце), останатите се во завршна фаза на основање (Радовиш, Струга, Берово, Делчево и Виница). За сите 14 зони има изработено државни урбанистички плански документации и сите се одобрени и усвоени. Двете зони во Бунарџик (ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2), како и ТИРЗ Штип се функционални, а зоната во Тетово се стопанисува по моделот на јавно-приватно партнерство. До овој момент, освен Скопје 1, Скопје 2, Штип и Тетово, започнато е да се гради во Кичево, Гевгелија, Прилеп, Ранковце и во Струмица.

Од Дирекцијата за ТИРЗ велат дека најрационално и најоптимално се распределуваат буџетските средства за изградба на основна внатрешна и надворешна инфраструктура на начин што има изработено менаџмент-анализа за изградба на зоните.

-Анализата покажа дека најоптимално е технолошко-индустриските развојни зони да започнат да се градат фазно, односно првата фаза да биде изградба на дел од зоната до степен да се овозможи непречен пристап до парцела на иден инвеститор и истиот да започне со градба на неговата фабрика. По пројавување интерес на инвеститор во соодветна зона и потпишување договор меѓу државата и инвеститорот за инвестирање во ТИРЗ, паралелно Дирекцијата за ТИРЗ започнува со изградба на втора фаза на зоната. Значи, имаме паралелна изградба на фабриката на инвеститорот и изградба на втората фаза од внатрешната и надворешната инфраструктура до степен зоната да биде функционална - вели за ВЕЧЕР директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо. Според него, на овој начин се добива максимален ефект.

- Почетните вложувања во првата фаза се минимални за државата, а по донесувањето одлука на некој инвеститор да вложи во соодветната зона, ќе биде овозможено во ист момент инвеститорот да почне со производство, а од друга страна, зоната ќе биде функционална - потенцира Мизо. Според него, овој модел и практично се покажа дека е функционален и најоптимален во зоните во Скопје и Штип, а истиот покажува позитивен ефект и за зоната на Кичево.

Динамиката и приоритетот за изградба на зоните, пред се, зависи од интересот на инвеститорите, односно од нивната одлука во која зона ќе ја лоцираат нивната инвестиција. Во согласност со тоа, Дирекцијата врши алокација на средствата за изградба на основна и надворешна инфраструктура со цел да се излезе во пресрет на потребите на инвеститорите.

- Дирекцијата за ТИРЗ во моментов започнува со изградба на втората фаза во зоната во Кичево. Зоната ќе се гради до степен истата да биде функционална. Рокот за завршување на градбата е 12 месеци, односно до април 2015 година. До крајот на август оваа година Дирекцијата за ТИРЗ планира да се почне со изградба и во зоните во Радовиш, Струга, Берово, Делчево и Виница - потенцира Мизо.

Во моментов во Бунарџик во ТИРЗ Скопје 1, која е со површина од 140 хектари, изградени се терминал за товарни возила, потисен цевковод, резервоар и разводна водоводна мрежа, бунарско подрачје, продолжува изградбата на канали и изведба на улица 7 со придружни хидротехнички инфраструктурни објекти, додека во ТИРЗ Скопје 2, која има површина од 96 хектари, изградена е заштитна ограда и во 2013 година зоната е функционална. Во слободната зона во Штип, каде што во моментов работи само фабриката на Џонсон контролс", која, воедно, е најголема по површина - 206 хектари, изградбата на инфраструктурните објекти е завршена. Изградена е ограда со елементи, изведено е улично осветлување по должината на булеварот. Завршена е изведбата на сервисни улици во зоната. Изграден е привремен административен објект. Завршена е изведбата на електрични инсталации од трафостаница.

Во слободната зона во Тетово, која се простира на површина од 96 хектари, беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство. Во тек е избор на надзорен орган за контрола над градежните активности околу изградбата на инфраструктурата, кој треба да заврши во текот на мај 2014 година. Во ТИРЗ Кичево, која се простира на површина од 15 хектари, завршена прва фаза од изградбата на основна внатрешна инфраструктура. Во тек е постапка за почнување на втората фаза од изведбата на основната внатрешна инфраструктура до степен зоната да биде функционална.

Во зоните во Прилеп, во Струмица завршена е првата фаза од изградбата на основната внатрешна инфраструктура. Завршена е изведбата на дел од основната инфраструктура на зоната.За ТИРЗ Струга постапката за основање е во тек, а градбата на зоната може да започне по основањето на истата. За зоната во Радовиш се се изработени основни проекти, а постапката за основање на зоната е во владина процедура и се очекува да се основа во првата половина од 2014 година. За ТИРЗ Гевгелија и Ранковце завршена е првата фаза од изградбата на основната внатрешна инфраструктура. За зоните во Берово, Делчево и во Виница изработена е планска документација за зоните и истите се усвоени. Паралелно на тоа, во тек се постапки за основање на зоните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik